Во проектот „ Премостување на јазот кај вештини за создавање нови и подобри работни места“, во насока на помагање во создавање на обучени професионалци во областа на обновливите извори на енергија се реализираа неколку активности. Најпрво беше направена Анализа за потребните вештини (Skills Needs Analysis) во секторот на обновливи, која ги адресираше новите работни профили во оваа индустрија како и вештините потребни за овие профили (занимања). Според оваа анализа беа идентификувани два профили и тоа: Инсталатер, монтер и опслужувач на хибриден фотоволтаичен и термален колектор и Инсталатер, монтер и опслужувач на фотоволтаичен панел„ за кои се креираа соодветни стандарди на занимања и програми.
Во проектот беше реализирана дводневна воведна обука за новите занимања во секторот кои се однесуваа на хибридните фотоволтаични и термални колектори.