Како значајна активност во проектот и по препораките на експертите и работодавачите, беа организиани и реализирани 9 (девет) еднодневни воведни обуки за BIM-методологијата во градежната индустрија.
На овие обуки учествуваа 55 учесници од 9 компании, а ги реализираше експерт од Шкотскиот иновативен центар за градежништво.
Содржините на овие работилници се однесуваа на: основните принципи на BIM, преку студии на случај и примери од меѓународни проекти; приказ на 3Д-моделирање; придобивките од BIM, начините на 3Д-моделирањето; значењето на соработката; стандардите во студиите на случај за да се истражи влијанието нa BIM-от врз трошоците во еден проект, времето, материјалите што се користат, заштедата на јаглерод и енергија и сл. На овие работилници, беа користени интерактивни методи и современи дидактички алатки (дискусии, видеа, квиз, онлајн-наставни единици и друго). На учесниците им беше овозможено да користат голем број материјали од едукативни платформи поврзани со BIM.