Објавено на: Faktor.mk
18.11.2020
Една е од столбовите на домашната преработувачка индустрија – клучен двигател за индустријата воопшто и една од индустриите кои најмногу вработува. За текстилната индустрија често се зборува од аспект на проблемите со кои се соочува во последниот период, но овој дел од македонската економија има сериозен потенцијал, можност за дополнителен раст. Сепак, доста работа и предизвици се на патот. Западните искуства од кои дел може да се аплицираат и во македонскиот случај значат нови трендови во текстилната индустрија – модернизација и секако дигитализација. Да, дигитализација иако тоа можеби звучи невозможно сега. Сите засегнати страни тврдат дека тоа е единствениот начин за зголемување на потенцијалот на домашната текстилна индустрија, но и значајна можност за издигнување…