Во проектот „ Премостување на јазот кај вештини за создавање нови и подобри работни места“, со цел да се стимулира и доближи идејата за производството т.н. (full package) почнувајќи од 3Д дизајнирањето беше организирана еднодневна информативна работилница за дизајнирање и моделирање со 3Д.
Обуката беше наменета за компании од текстилниот сектор, модни креатори, ученици и студенти за моден дизајн кои се заинтересирани за новите технологии кој ги имаат најновите софтверските решенија во 3Д дизајнирањето и моделирањето. Обуката имаше за цел да ги информира учесниците кои се перформансите на 3Д дизајнирањето со користењето на една од најновите софтверски решенија и кои се придобивките за компаниите во примената на новите современи технологии. Воедно на оваа обука учесниците добија информации кои вештини, знаења и способности им се потребни за работните процеси на оперативно ниво. Интересот за истата беше голем и на неа учествуваа 80 учесници.