Објавено на: Fakulteti.mk
09.11.2020
Како да се премости јазот кај вештините на младите за да се создадат подобри работни места и притоа да се следи дигиталната револуција, како на трите клучни индустрии во земјава – текстилната, градежништвото, како и индустријата за обновлива енергија, образованието да им обезбеди стручен кадар… Какви промени се потребни во системот за постсредно образование и какви треба да бидат новите модели на регионални центри за стручно образование и обука кои во иднина ќе имаат голема улога во решавање на овие предизвици… Ова се само дел од темите на кои се дискутираше на вчерашната конференција „Кон револуција во вештините: наоѓање иновативни и дигитални решенија за иднината на индустријата – Skills4future“ во организација на УНДП.