Развој на знаењa, вештини и компетенции
Одредувањето на нивото на потребна обука за БИМ, целосно зависи од знаењето и вештините на вработените и нивната улога во рамките на проектот.
Графиконот погоре, го илустрира планот за развој на знаење за организација и индивидуите во рамките на таа организација, кои сакаат да ги работат проектите на БИМ.
Циклус на учење на Колб (David Kolb)
Циклусот на учење на Колб, објаснува како теориите за учење и однесување, засновани на цели, заедно создаваат циклус на учење како што е прикажано на дијаграмот подолу каде што претставен во 4 (четири) фази.
Успешноста во совладувањето на принципите на БИМ-методологијата, може да се потврди со подобрена испорака на проекти, заштеда во сите фази на проектите што се реализираат, поефикасни работни практики и најважно од сѐ подобра соработка. Исто така, работата во БИМ ја зајакнува и подобрува комуникацијата меѓу субјектите во процесот на создавање на проект преку работа со други компании и организации кои се на исто ниво на усвојување на БИМ-от. Тоа значи дека со користењето на оваа методологија, на деловните субјекти може да им овозможи да учат заедно и паралелно да развиваат процеси за поуспешна реализација на проектите. Со сигурност се потврдува фактот дека преку серија вежби за учење, испреплетени со практична употреба на вештини се обезбедува најдобра основа за професионално надградување врз која ќе се градат новите вештини и компетенции кои се карактеристични за БИМ.
Многу организации преку присуство на обуки и курсеви ќе ги усвојат основните принципи на БИМ, кои потоа можат да ги пренесат и да ги дисеминираат до своите тимови во компаниите.
Предности на усвојувањето на БИМ-методологијата
Донесувањето одлука за усвојување на БИМ-методологијата за работа во вашата компанија, во почетокот, може да биде „застрашувачко“, особено за малите практики или организации каде што клиентите можеби не го бараат специјално тоа. Постојат јасни придобивки од усвојувањето на БИМ во компаниите, вклучувајќи го и работењето во 3Д, како и придобивките за самите проекти и придобивките воопшто за целиот бизнис. Сите цртежи на еден БИМ-проект се произведени од координиран 3Д-модел така што со промена на еден цртеж ќе се променат сите поврзани цртежи во проектот. На пример, во цртежот поместувањето на висината на прозорецот во проектот, исто така, ќе го помести во плановите, во сите делови и 3Д-прегледите, бидејќи секој цртеж е само различен приказ на истиот модел. Дури и кај мали проекти, ова значи многу побрз процес на ревизија на цртежот, со многу помал ризик од спротивставени информации помеѓу цртежите. Архитектите повеќе не мора да се грижат дека плановите и котите/издигнувањата – не се совпаѓаат! Распоредот е изведен од моделот, па затоа не може да биде погрешен. Како примерот за цртање погоре, правењето измени во закажаните елементи, исто така, ќе се ажурира веднаш и автоматски на распоредот, така што ќе заштедите време и ќе го намалите ризикот од несовпаѓања или грешки.
Една компанија е добра во својата работа единствено според информацијата што ја дава до соработниците – дизајнери, производителите, изведувачите, клиентите и другите страни инволвирани во процесот. Во својата основа, БИМ претставува едноставен и структуриран начин за организирање информации и „податоци“ за градежните проекти. На многу начини, БИМ-от претставува проширување на постојните организациски принципи и ако веќе работите според усвоените стандарди, како ISO 9001, тогаш сте запознаени со основните градежни концепти и делови на БИМ-методологијата. Бидејќи БИМ станува сè поприсутен во индустријата, тој е барана вештина и со негово имплементирање во вашата организација, вие неизбежно ќе инвестирате во иднината на вашиот тим и на вашата организација.
Со имплементирањето на БИМ, вашите тимови ќе бидат обучени за софтверот и принципите на БИМ, препознавајќи го значењето на процесите на соработка, а со тоа правејќи ве подобри, поподготвени за иднината и во чекор со новите технологии и иновации кои брзо се развиваат.
Точно е дека БИМ во моментов е позастапена на поголемите проекти и во Велика Британија е задолжителна за големи, јавнофинансирани градежни проекти. Но сѐ повеќе тоа се менува и БИМ- от се прифаќа пошироко така што тој станува клуч за работа и кај голем број приватни компании за реализирање приватни проекти. Подготвувајќи ја вашата компанија/организација за ваков развој, ќе бидете во можност, во иднина, да бидете сигурни дека сте во состојба да испорачувате услуги за поголеми, посложени проекти и за поширок спектар на клиенти.
БИМ-от нема да исчезне – тоа е меѓународно признаена методологија, концепт и најдобар начин за генерирање заштеди во текот на целиот животен век на една зграда или проект, а владите ќе продолжат да се залагаат за негово широко користење низ целата индустрија. Ако веќе не сте вклучени или сѐ уште не го познавате БИМ-от, а работите во градежништво, прашање на време е кога ќе бидете прашани за БИМ и како можете да се вклопите во тимот за соработка. Затоа, бидете подготвени и отворени за тоа!
Бидете пред вашите конкуренти и демонстрирајте го размислувањето со визија за напред во индустријата со обука во БИМ и работејќи по ISO-стандардите. Рекламирајте ги придобивките што ги наоѓате од процесот на учење и работа со БИМ и колку поефикасно можете да испорачате проекти за вашите клиенти, користејќи ги новите технологии во вашата индустрија.
За ваша информација запомнете дека компаниите што ги усвоија принципите на БИМ, идентификуваа низа заштеди што имаат големо влијание врз нивната работа, како: намалување на употребата на материјал до 50 %, намалување на градежниот отпад до 45 %, намалување на трошоците на проектот до 20 %, намалување на емисиите на јаглерод во текот на целиот животен век на зградите до 50 % и околу 6 % подобрување на вкупната продуктивност, едноставно затоа што има подобри предвидувања и навремено јасни достапни податоци за проектот.
Материјали и ресурси за обука
Постојат низа ресурси, обрасци, референтен материјал и извори за обука достапни бесплатно на Интернет за да помогнат во разбирањето, развојот на вештините, знаењата и компетенциите потребни за БИМ-методологијата.
Подолу се забележани неколку информативни извори од Велика Британија, коишто може да бидат корисни во усвојувањето на принципите и содржините на оваа методологија:
-
- Градежниот центар за иновации во Шкотска (Construction Scotland Innovation Centre) претходно подготви и испорача онлајн обука – вебинар за запознавање на дел од градежните компании во Македонија со вештините потребни за БИМ „имплементација“, начин на соработка со: клиенти, консултанти, главни изведувачи и подизведувачи и слично.
- Интернет-страницата на Scottish Futures Trust (SFT) има богатство на ресурси, алатки, студии на случаи и обрасци за објаснување на БИМ и процесот. SFT ги советува клиентите од јавниот сектор во Шкотска за БИМ и во силна позиција да можат да го промовираат и поттикнуваат неговото прифаќање на доследен начин.
- Во Велика Британија, неколку водечки организации кои се запознаени со БИМ се организираа заедно во БИМ Алијанса на Велика Британија (UK BIM Alliance) и нивната мисија е да обезбедат поддршка и ресурси на индустријата за постојано прифаќање и развој на БИМ како „вообичаена практика“.
- На сличен начин, БИМ националната рамка (UK BIM Framework) на Обединетото Кралство утврди документи за упатства за практична употреба на меѓународните стандарди кои го покриваат БИМ, со бесплатно преземање на ресурси и упатства за да се објасни како се применуваат принципите на проектите.
- Школата за одржливост на синџирот на снабдување (Supply Chain Sustainability School) има постојана библиотека со вебинари – веб-обуки, видеа, модули за е-учење, алатки и презентации на низа теми за изградена околина, вклучително и БИМ.
- Често, помеѓу различните модели на 3Д-дизајнот, извозот на IFC и податоците од COBie е тешко да се претстави како изгледа БИМ-проектот. За да се надмине ова, направен е проект со пример од отворен извор и споделен на https://bimblog.house/ каде што средно-терасовидна куќа е моделирана во Revit, според меѓународните стандарди, со сите придружни податоци и информации достапни за слободно преземање.
- Redshift-програмата е една од најпрепорачаните и „во првите редови“ на програми, кои се користат во: архитектурата, градежништвото, инфраструктурата и технологијата на производството на материјали. Таа им помага на дизајнерите и инженерите да креираат подобар и поодржлив свет за идните генерации.
- Trimble е софистицирана програма на податоци која обезбедува конзистентност помеѓу податоците на терен и оние во компјутерот, односно во канцеларијата. Trimble претставува трансформирање на начинот на кој работи светот преку испорака на производи и услуги што ги поврзуваат физичкиот и дигиталниот свет. Основните технологии во: позиционирање, моделирање, поврзување и анализа на податоци, им овозможуваат на клиентите да ја подобрат продуктивноста, квалитетот, безбедноста и одржливоста. Од наменски изградени проекти/производи до решенија за животниот циклус на претпријатијата, софтверот, хардверот и услугите на Trimble, ги трансформираат индустриите како што се: земјоделството, градежништвото, геопросторот, транспортот и логистиката.
Вообичаено е курсевите за обука на софтвер да се изведуваат лично, често во центар за обука каде што се наоѓаат: хардверот, верзиите на софтверот, приклучоците, лиценците итн., и тие можат да бидат контролирани од давателот.
Во последно време, за корисниците, се нудат сѐ повеќе повеќе онлајн-обуки за самостојно учење каде што заинтересираните можат да се запознаат со алатките и софтверските пакети.
Во прилог на тоа, ви нудиме некои информации за такви прогрaми преку неколку примери:
- Видеа со Autodesk videos за Revit се бесплатен ресурс на кратки видеа што опфаќаат: почетни, средни и напредни функции во Revit.
- Graitec е популарен провајдер за обуки во Велика Британија кои нудат онлајн или индивидуални/лични курсеви за Revit и други софтверски пакети.
- Друг провајдер за обуки со низа софтверски пакети вклучувајќи го и Revit е Armada.
- Udemy нуди низа курсеви преку Интернет што можат да се купуваат во модули.
- Trimble Connect ви овозможува да работите директно, користејќи точни податоци кои работат заедно за да го оптимизирате целиот план од дизајнот и изградбата до работата на животниот циклус на една зграда.