Зелена трансформација – иднина со обновливи извори на енергија!?
Зелената енергија денес е сѐ попопуларен израз кој се користи за да се опише енергијата што доаѓа од обновливите извори. Ова значи дека со ваквото производство на енергија се предизвикува мало или никакво негативно влијание врз животната средина. Тоа значи дека не испушта токсични стакленички гасови во атмосферата и драстично го намалува загадувањето.
Како што се зголемува светската популација, така се зголемува и побарувачката за енергија со цел да ги напојуваме нашите домови, деловни активности и заедници. Иновациите и развојот на обновливите извори на енергија се клучни за задоволително и одржливо ниво на енергија за заштита на нашата планета од климатските промени.
Обновливите извори на енергија, денес сочинуваат 26 % од светската електрична енергија, но според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), се очекува нејзиниот удел да достигне 30 % до 2024 година. „Ова е клучно време за обновлива енергија“, изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол (Fatih Birol).
Во иднина, се очекува дека бројот на обновливи извори на енергија ќе продолжи да се зголемува бидејќи се случува зголемување на потребата на енергија воопшто. Оваа констатација води кон тоа дека ќе се намали цената на обновливите извори што е одлично за планетата, но и за економските заштеди на граѓаните и компаниите.
Што е обновлив извор на енергија?
Обновлив извор на енергија значи енергија која е одржлива – нешто што не може да се потроши или е бесконечно, како на пример, сонцето. Кога ќе го слушнете терминот „алтернативна енергија“, тоа обично се однесува на обновливите извори на енергија. Тоа значи, се однесува на изворите на енергија кои се алтернативни за најчесто користените неодржливи извори – како на пример, јагленот.
Најпопуларните обновливи извори на енергија се:
-
- Сончевата енергија,
- Енергијата на ветерот,
- Хидроенергијата,
- Енергијата на плимата и осеката,
- Геотермалната енергија.
Како функционираат овие видови обновлива енергија?
1) Сончева енергија
Сончевата светлина е еден од најобилните и слободно достапни енергетски ресурси на нашата планета. Количеството сончева енергија што достигнува на површината на земјата за еден час е поголемо од вкупните енергетски потреби на планетата за цела година. Иако звучи како совршен обновлив извор на енергија, количеството сончева енергија што можеме да го користиме, варира во зависност од времето на денот, потоа од сезоната на годината, како и од географската локација. Во светот, денес, сончевата енергија е сè попопуларен начин за дополнување на нашата потреба за енергија.
2) Енергија на ветер
Ветерот е обилен извор на чиста енергија. Ветерните електрани се сè попозната глетка во многу земји со ветерна моќ што дава сè поголем придонес кон националните енергетски мрежи на тие земји. За да се искористи електричната енергија од енергијата на ветерот, турбините се користат за движење на генератори, кои потоа ја хранат електричната енергија во Националната мрежа. Иако се достапни домашни или системи за производство „надвор од мрежата“, не секој имот е погоден за домашна ветерна турбина.
3) Хидроенергија
Како обновлив извор на енергија, хидроенергијата е една од најкомерцијално развиените. Со изградба на брана или бариера, може да се искористи голем резервоар за да се создаде контролиран проток на вода што ќе вози турбина, генерирајќи електрична енергија. Овој извор на енергија, често може да биде посигурен од соларната и од ветерната моќ (особено ако е плима, а не од река) и исто така, дозволува зачувување на електрична енергија за употреба кога побарувачката достигнува врв.
Како и енергијата на ветерот, во одредени ситуации, хидроенергијата може да биде поисплатлива како комерцијален извор на енергија (зависи од видот и во споредба со другите извори на енергија), но во зависност од видот на имотот, може да се користи за домашни, „надвор од мрежата“ корисници.
4) Енергија на плимата и осеката
Ова е друга форма на хидроенергија што двапати дневно користи приливни струи за да се активираат генераторите на турбините. Иако протокот на плима за разлика од некои други извори на хидроенергија не е постојан, тој е многу предвидлив и затоа може да ги компензира периодите кога струјата на плимата е мала.
5) Геотермална енергија
Со искористување на природната топлина под површината на земјата, геотермалната енергија може да се искористи за директно загревање на домовите или за производство на електрична енергија. Користењето на геотермалната енергија, не се користи доволно во многу земји, иако е многу економично и еколошки издржана за атмосферата и почвата. Има и многу позитивни примери за користењето на геотермалната енергија, како што е примерот со Исланд, каде што таа е еден од најзначајните топлински извори.
6) Енергија на биомаса
Оваа енергија значи претворање на цврсто гориво направено од растителни материјали во електрична енергија. Иако фундаментално, биомасата вклучува согорување на органски материјали за производство на електрична енергија. Во денешно време, ова е многу почист и поефикасен енергетски процес.
Преобразувајќи го земјоделскиот, индустрискиот и домашниот отпад во цврсто, течно и гасно гориво, биомасата генерира енергија со многу пониски, економски и еколошки трошоци.
Што не е обновлив извор на енергија?
Фосилните горива не се обновлив извор на енергија затоа што не се обновуваат односно не траат бесконечно. Плус, тие ослободуваат јаглерод диоксид во нашата атмосфера што придонесува за климатските промени и глобалното затоплување. Горењето дрво наместо јаглен, сепак е малку подобро, но е покомплексно. Дрвото е обновлив ресурс – под услов да доаѓа од одржливи шуми.
Пелети од дрво и компресирани брикети се направени од нуспроизводи од индустријата за преработка на дрво и, веројатно, станува збор за отпад за рециклирање.
Компресираните горива од биомаса, произведуваат повеќе енергија отколку трупците. Од друга страна, согорувањето дрво (без оглед на тоа дали е тоа сурово дрво или преработен отпад) ослободува честички во нашата атмосфера и со тоа придонесува за загадување на воздухот.
Факти за обновлива енергија:
-
- Соларните панeли (PV) може да претставуваат 5 % од глобалната побарувачка до 2020 година и до 9 % до 2030 година.
- До 2050 година, нашите енергетски потреби може да се задоволат со 95 % од изворите од обновлива енергија (2).
- Прајс Вотерхаус Купер предвидува дека Африка може да работи со 100 % обновлива енергија до 2050 година.
- Во текот на последните четири децении, цената на соларните PV-панели се намали за 99 %.
- Американска студија покажа дека обновливата енергија создава трипати повеќе работни места отколку фосилните горива.
- Инвестициите во обновливата енергија ги надминаа инвестициите во фосилните горива. Глобалниот пазар за обновлива енергија сега вреди над 250 милијарди долари.
Последните достапни податоци на Евростат, покажуваат дека струјата произведена од еколошки чисти извори, како: ветерот, сонцето, водата и биогасот, достигнала учество од 26,1 % во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија во 2018 година.
Овој удел на ниво на ЕУ изнесува 30 %, а најмногу зелена енергија се троши во Австрија, каде што речиси три четвртини од потрошената енергија (73 %) е добиена од обновливи извори. По неа следуваат: Шведска (65 %), Португалија и Данска (двете по 54 % и Латвија (51 %). Во долниот дел на табелата, со најмало учество, се: Малта (6 %), Луксембург и Холандија (по 7 %) и Кипар (9 %).
Од земјите во регионот, во Бугарија, процентот на зелена енергија во вкупната потрошувачка, изнесува 19 %, во Црна Гора 51 %, во Албанија 86 %, во Србија 29 %, а во Грција 24 %. Хрватите имаат удел од 47 %, а Словенците од 32 %. (Евростат 2018).
Современите промени во енергетскиот сектор од глобално ниво, влијаат и на национално ниво, односно влијаат и во Република С Македонија. Во последниве години, се интензивираат напорите за преструктурирање на производството и користењето на зелената енергија, т. е. енергијата од обновливите извори и во нашата земја.
Со владиниот Акциски план за обновливи извори на енергијата се предвидува нивниот удел во вкупната енергетска потрошувачка во Македонија до 2020 година да достигне 2 %, до 2025 година 25 %, а до 2030 година 28 %.
Од достапните податоци, се гледа дека нашата земја се обидува да ги оствари зацртаните енергетски цели.