Реалноста покажува дека дигиталната трансформација е иднината и со сигурност ќе мора сите индустрии да го прифатат овој иновативен тренд. Дигитализацијата со помош на современите технолошки решенија, несомнено помага да се подобрат продуктивноста и ефикасноста, како и да се постигнат деловните цели без да се трошат време и ресурси. Ова е особено важно за текстилната индустрија.
Денес примената на дигиталната технологија во текстилната индустрија е 3Д-симулацијата која помага да во заштедата и на време и на пари. 3Д-дизајнот се заснова на симулирани парчиња со 2Д-обрасци. Не мора рачно да ги испробувате обрасците развиени од дизајнерот. Прототипите повеќе не се потребни со 3Д-симулацијата. Ова овозможува заштеда на време и пари и е голем чекор кон процесот на дигитален развој.