Текстилот е разновидна индустрија која покрива повеќе подобласти од мода, до постелнина, до внатрешен дизајн, здравствена заштита, па дури и текстил за автомобилската индустрија Облеката се смета како основна човечка потреба. По храната, на ред доаѓа прашањето за облеката. Тоa е всушност, форма на самостојно претставување, самопочитување и чувство на припадност што станува уште порелевантно за поединците и социјалните групи.
Со развојот на технологијата и дигиталната трансформација, текстилните компании имаат можност да постигнат значајни достигнувања кои им овозможуваат лидерство во индустријата, како и да обезбедат автоматска контрола врз целиот процес на изработка на текстил. Промените кои се случуваат во времето во коешто живееме многу ги променија и потребите и очекувањата на клиентите. Тие претпочитаат производи со висок квалитет, услуги со додадена вредност и брза испорака. Со ова, природно се наметна новата дигитална трансформација, почнувајќи од 3Д печатење фустани до паметни фабрики…