ЗА ОБУКАТА
Следејќи го интересот на професилците во текстилната индустрија, а и да се стимулира и доближи идејата за производството т.н. (full package) почнувајќи од 3Д дизајнирањето беше организирана еднодневна информативна работилница за дизајнирање и моделирање со 3Д.
Содржината на обуката беше наменета за компании од текстилниот сектор, модни креатори, ученици и студенти за моден дизајн кои се заинтересирани за новите технологии поддржани од најновите софтверските решенија во 3Д дизајнирањето и моделирањето. Околу 80 учесници добија повеќе информации кои вештини, знаења и способности им се потребни за работните процеси на оперативно ниво, што подразбира воведувањето на напредна технолошка метода во работењето, како и кои нови развојни бизнис можности се реални да се очекуваат со користењето на овие технологии.
Партнер:
Изјава на учесник на обуката:
„Обуката за 3D моделирање за мене беше многу корисна и дојде во вистински момент. 3Д дизајнот инкорпориран во производните компании и кај дизајнерите истовремено, подразбира сигурен иден напредок во одржливоста, ефикасноста и ефективноста при секој чекор од изработка на нови производни линии. Ова е поттик за нови соработки со подобрена и непречена меѓусекторска соработка.“
– Ана Јакимовска, Моден дизајнер,
Економист и Лидер на Fashion Revolution Macedonia
Агенда
ОБУЧУВАЧ
Динара Садикова
Наградувана млада модна дизајнерка со веќе реализирани четири меѓународни ревии. Таа работи како 3Д моден дизајнер во Политропон, ИТ компанија која нуди решенија во својата работа „од почеток до крај“ (full package) за моден дизајн и производство. Динара е дипломирана модна дизајнерка на Институтот за технолошко образование од Централна Македонија – Грција со дипломиран Б.А. во моден дизајн и технологија.