Се повикуваат компаниите од индустријата, текстилниот и дизајн секторот кои сакаат да се обучат за 3D
дизајн да се пријават и да изразат интерес за учество на јавниот повик за онлајн аплицирање. Целта на
обуката е да се информираат учесниците кои вештини, знаења им се потребни за обука за софтверот Basic
Browzwear
Ги покануваме сите компании/поединци од секторот индустрија, дизајн, текстил и сл., кои се
заинтересирани за оглас за влез и учество на воведни сесии за 3D моделирање, да се појават на јавниот
повик и да изразат интерес за учество. Воведните сесии и обуки може да бидат наменети за повеќе
вработени во компанијата/лице застапено.
Пријавувањето ќе се заснова на принципот „прв дојден прв услужен“ до искористување на местата
достапни за обука или воведни сесии. Приоритет ќе имаат компании/лица кои ќе покажат интерес за
темата за 3Д, ќе имаат обврска да покажат интерес за евентуално вклучување во пилот програми за средно
стручно образование на темата со можност за обезбедување практична работа во соодветните компании.
Јавниот повик е објавен во рамките на проектот „Премостување на јазот во вештини за отворање нови и
подобри работни места“, во партнерство со Фондот за иновации и развој на технологија на Северна Република Македонија.
Заинтересираните учесници можат да го изразат својот интерес за учество ТУКА.
Краен рок за пријавување: 22.12.2021