Институција која огласува: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Рок за пријавување: 25.03.2021
Јавниот повик се објавува во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани компании од текстилната индустрија
Се повикуваат компании од текстилниот сектор, модни креатори, ученици и студенти за моден дизајн кои се заинтересирани за воведна информативна обука за новите технологии кој ги имаат најновите софтверските решенија во 3Д дизајнирањето и моделирањето, да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество.
Обуката има за цел да ги информира учесниците кои се перформансите на 3Д дизајнирањето со користењето на една од најновите софтверски решенија и кои се придобивките за компаниите во примената на новите современи технологии. Воедно на оваа обука учесниците ќе добијат информации кои вештини, знаења и способности им се потребни за работните процеси на оперативно ниво.
Пријавувањето ќе се одвива по принципот прв-пријавен-прв-услужен до искористување на расположливите места за воведната обука која ќе се одвива онлајн. Предност ќе им се даде на компании чиј менаџмент ќе покаже интерес за оваа обука и ќе се обврзи дека обучените лица ќе се вклучат во следните обуки од секторот поврзани со 3Д дизајнирањето и моделирањето.
Компаниите и другите заинтересирани лица од секторот својот интерес за учество можат да го пријават ТУКА
Обуката ќе биде реализирана од професионалци од меѓународна компанија Браузвеар.
Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 072/261-345, како и на веб страницата на УНДП и на специјализираниот портал: www.skills4future.mk .