ЗА ОБУКАТА
Дводневната воведна обука за новите занимања во секторот на обновливи извори на енергија се однесуваа на хибридните фотоволтаични и термални колектори. По претходната анализа за потребните вештини во секторот на обновливи извори, која ги адресираше новите работни профили во оваа индустрија како и вештините потребни за овие профили (занимања), беа идентификувани два профили и тоа: Инсталатер, монтер и опслужувач на хибриден фотоволтаичен и термален колектор и Инсталатер, монтер и опслужувач на фотоволтаичен панел за кои се креираа соодветни стандарди на занимања и програми.
СОДРЖИНА
Во последниот дел на обуката се објаснува што е ПВТ колектор, составни делови и видови на ПВТ колектори како и принцип на работа на ПВТ колекторот; Се зборува за начинот на димензионирање на ПВТ системи – excel табела како и како се прави тестирање на ПВТ колектори; SPF test Мерење на сите параметри на ПВТ систем во Плазма тест центарот; Се споменува и одредувањето на инсталираниот капацитет, ROI, заштеди за време на екслоатацијата на еден ПВТ систем; Се наведуваат и новите генерации на ПВТ комбинирани системи со топлински пумпи со директна циркулација на фреони низ ПВТ колекторот, искуства и мерења;
Партнер:
Изјава на учесник на обуката:
„Обуката имаше јасна претстава која е целта, и најважно кои би биле придобивките за компаниите од темите обработени од страна на докажани експерти од соларниот сектор. Посебен впечаток ми остави интеракцијата за време не предавањата како и пристапот на кој беше објаснет целиот материјал. Одлична организираноста на обуката, теоретски и практичен пристап од обучувачите кои несебично го споделуваа нивното знаење со нас со фокус на реални проекти и реални ситуации. Сигурен сум дека многу разговарани сегменти ќе бидат применливи и во секојдневното наше работење.“
Стефан Трајков, дипл. машински инженер, Еко Солар
Агенда
ОБУЧУВАЧ
Вонр. Проф. Др. Илија Насов
Доктор на технички науки – Машински факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј. Моментално е ангажиран на Природно математички факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј, институт за физика, катедра за соларна енергија, а од 2008 – 2016 бил декан на факултет за еколошки ресурси на универзитетот МИТ во Скопје.
Проф. Насов има повеќе работни ангажмани и тоа: директор и ко-сопственик на развојно истражувачкиот центар Плазма доо Скопје; престедател на борд на директори на Камел Солар, фабрика за производство на соларни термални и хибридни фотоволтаични термални колектори и ја врши функцијата на претседател на Соларната асоцијација на Македонија.
Во своето работно портфолио има забележано дека е носител на 4 интернационални Патенти како и дека е добитник на голем број на национални и меѓународни награди. Како професионлец бил вклучен или бил лидер на повеќе европски истражувачки проекти (ФП7, ЕУ Хоризонт, COST AMICI, EUREKA, УСАИД – Македонија и др).
Член е на: ИЕА, Таск 60, Хибридни фотоволатаични системи, Европската асоцијација за Соларна енергија, член е и на издавачкиот совет на Интернационалното списание „Заштита материјала и други списанија и асоцијации“.
Професор Настов има издадено повеќе од 50 публикации во меѓународни списанија и има големо искуство во водење и организација на меѓународни обуки и тренинзи за димензионирање на соларни системи и комбинирани соларни системи.