Преземи
Кратка опис на случајот
Центарот за Иновации во Градежништвото од Шкотска во соработка со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) работеше на поддршка на процесот на имплментација на BIM во рамките на повеќе домашни компании кои работат во областа на градежништвото.
На 11 Февруари 2021 се одржа еднодневна работилница за компанијата БВ Инженеринг.
БВ Инженеринг се изведувач кој работи во областа на иградба на објекти како што се висококатници, спортски сали, болници, училишта, бензински станици и реконструкција на постоечки објекти. Покрај ова, компанијата работи и во областа на нискоградба која вклучува уредување на јавен простор, патишта, ископ и порамнување како и подготвителни работи. БВ Инженеринг нудат услуги и во секторот на хидро-инженерство, а посебно во изградба на канализациски мрежи, фонтани, резервоари, хидроизолација и одводнување. Дополнително, се занимаваат и со занаетчиски работи како што се обработка на челик, фарбање, обработка на метал и лимови, поставување на подови, плочки, водоинсталација и електрика.