После повеќе од 15 години од објавувањето на првата агенда за стратешко истражување на Европската технолошка платформа (2006 година), платформа за истражување иновации за текстил и облека, постави направи нови стратешки цели за заедничко делување кои се однесуваат на приоритетите во идентификацијата на најстратешките теми за иновации во овој сектор за следните 10 години. Една од важните констатации на оваа комисија е дека сепак, не е доволно само да се врати и зголеми производството во овој сектор туку најважен стратешки чекор е да се осигури дека ќе се создаде соодветна работна сила со потребните вештини за да се исполнат барањата на сè повеќе хај-тек индустријата. Ова е еден од низата на предизвици при привлекување и одржување на високо квалификувана работна сила.
Четири стратешки теми за иновации се издвоени како особено влијателни за понатамошниот развој на европскиот текстил и индустријата за облека се:
- Паметни материјали со високи перформанси
- Напредно дигитализирано производство, синџири на вредности и деловни модели
- Циркуларна економија и ефикасност на ресурсите
- Решенија кои нудат додадена вредност за раст на пазарот.
Промените кои се случуваат во времето во кое живееме многу ги променија и потребите и очекувањата на клиентите. Тие претпочитаат производи со висок квалитет, услуги со додадена вредност и брза испорака. Со ова природно се наметна новата дигитална трансформација, почнувајќи од 3Д печатење фустани до паметни фабрики.