ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани компании од градежниот сектор
BIM (Building Information Modeling) во контекст на градежната индустрија означува процес на дизајн, изградба и одржување на градежни објекти преку користење на добро структурирани дигитални информации до кои сите потребни страни треба да имаат пристап. BIM е, пред сѐ, начин на работа. Збирот на информации е познат како „информациски модел“ кој се користи за информирање во сите фази на животниот циклус на еден градежен објект: од самиот почеток до одржување и обновување.
Се повикуваат компании од градежниот сектор кои се заинтересирани за воведно запознавање и учество на 4 воведни сесии за BIM (Building Information Modeling) да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество. Воведните сесии и обуките можат да бидат наменети за повеќе вработени лица од пријавената компанија (максимум до 3 учесници).
Пријавувањето ќе се одвива по принципот прв-пријавен-прв-услужен до искористување на расположливите места за воведните обуки/сесии кои ќе се одвиваат онлајн. Предност ќе им се даде на компании чиј највисок менаџмент ќе покаже интерес за темата за BIM, ќе се обврзат дека ќе задржат и унапредат дел од обучените лица и ќе покажат интерес за вклучување на евентуални идни пилот програми за средно стручно образование на темата со можност за обезбедување на пракса во компанијата.
Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават ТУКА
Краен рок за пријавување: 10.12.2021