Преземи
Кратка опис на случајот
Центарот за Иновации во Градежништвото од Шкотска во соработка со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) работеше на поддршка на процесот на имплментација на BIM во рамките на повеќе домашни компании кои работат во областа на градежништвото.
На 4 Февруари 2021 се одржа еднодневна работилница за компанијата Адора Инженеринг.
Адора Инженеринг е градежна компанија која се занимава со проектирање и изведба. Компанијата ги поседува сертификатите ISO 9001 за квалитет, како и ISO 14001 за управување со животната средина.
Адора изведува високо-квалитетни и луксузни висококатници за домување како и деловни објекти и хотели во Северна Македонија, но исто така работи и во Србија и Грција.
Со цел да се изведат градежните проекти, Адора соработува со надворешни под-изведувачи и консултанти кои носат вештини и знаење во имплементацијата на секој проект.