Преземи
Кратка опис на случајот
Центарот за Иновации во Градежништвото од Шкотска во соработка со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) работеше на поддршка на процесот на имплментација на BIM во рамките на повеќе домашни компании кои работат во областа на градежништвото.
На 28 Јануари 2021 се одржа еднодневна работилница за компанијата Бауер БГ.
Бауер БГ ДООЕЛ се проектантска и градежна компанија од 175 вработени, кои функционираат низ повеќе сектори на ниво на Северна Македонија, вклучувајќи градежништво (патишта, железници и комунални услуги) и високоградба (реновирање, новоизградување и високоградби), Компанијата поседува свои капацитети од областа на архитектурата, нискоградбата, машинско инженерство, електро инженерство како и дизајнирање на ентериер и мебел.
Компанијата најчесто е ангажирана во проектирање а проектирањето честопати вклучува сложени машински и електрични инсталации. Предходните проекти исто така вклучуваат и активности на тешко достапни локации (како што се центар на град) но и масивни проекти кои се состојат од повеќе фази а кои бараат значителна коодинација не само со добавувачи и градежни тимови туку и со јавноста. Во рамките на нивното работно портфолио, значителен дел припаѓа и на проекти за реконструкција и реставрација на јавни објекти и објекти од историско значење (како на пр. реконструкцијата на владината зграда во Скопје и зградата на Државниот Завод за Ревизија). Проектите од нискоградба кои ги имплементира компанијата, многупати вклучуваат и комплекси операции со подземни инсталации а изминатото искуство е дека точноста на податоците поврзани со ваквиот вид инсталации е предизвик за имплементацијата на проектите.