Институција која огласува: Future Skills Center- Skills Next, Универзитетот на Југоисточна Европа и програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“,со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Рок за пријавување: 05.11.2021
Јавниот повик се објавува во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места II фаза “, во партнерство со УНДП и Универзитет на Југоисточна Европа
ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани понудувачи на услуги кои организираат обуки за обновливи извори на енергија.
Се повикуваат компании од секторот за обновливи извори на енергија кои организираат обуки за обновливи извори на енергија да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество. Структурата на обуките треба да се прати заедно со понудата и силабусит на истата. Целта на обуките треба да биде информирање на учесниците кои вештини, знаења и способности им се потребни за новите занимања и кои се работните процеси на оперативно ниво.
Понудувачите на услугата Организирање на обука за обновливи извори на енергија (ОИЕ) треба да ги исполнува следните критериуми:
- Понудувачот треба да биде правен субјект регистриран во Централниот регистар на РСМ, со вклучена шифра на дејност која опфаќа образование на возрасни.
- Обуката треба да ја реализираат сертифицирани предавачи со искуство во спроведување на обуки во областа на која се однесува повикот, и искуство во работа на реални проекти од областа.
- Понудувачот на услугата треба да понуди и разработена програма за обуката која е предмет на огласот, која овозможува прилагодување на истата на кандидати со различни предзнаења, т.е. хоризонтална и вертикална модуларност на истата. Програмата треба да понуди доволен број на часови предвидени за практична настава кои може да вклучуваат часови во лабораторија, посета на компанија која работи во областа, теренска настава, како и работа со соодветни дигитални алатки.
- Понудувачот на услугата при аплицирањето треба да приложи и доказ за обезбедени наставни материјали кои ќе се користат за време на обуката која е предмет на огласот, кои може да бидат во печатена или електронска форма.
- По завршувањето на програмата за обука, понудувачот на услугата треба спроведе реална евалуација на успешноста на кандидатите и според претходно прецизно дефиниран критериум во разработената Програма за обука. На кандидатите кои успешно ја поминале обуката, понудувачот на услугата се обврзува да им издаде Сертификат за успешно реализирана обука, во кој прецизно ќе бидат наведени резултатите од учење и стекнатите компетенции на кандидатот.
Заинтересираните понудувачи може да пратат понуда и додатните материали на слиедната емаил адреса: fsc@seeu.edu.mk