Ова се неколку сегменти каде што дигиталната трансформација е секојдневие во развиените земјоделски земји.
- Следење на посевите
Поврзувањето нуди различни начини за подобрување на набљудувањето и грижата за земјоделските култури. Интегрирањето на податоците за времето, наводнувањето, хранливите материи и другите системи може да ја подобри употребата на ресурсите и да ги зголеми приносите со попрецизно идентификување и предвидување на недостатоците. На пример, сензорите распоредени за следење на условите на почвата може да комуницираат преку LPWAN, насочувајќи ги прскалките за прилагодување на примената на вода и хранливи материи. Сензорите исто така може да доставуваат слики од далечните агли на полињата за да им помогнат на земјоделците да донесат поинформирани и навремени одлуки и да добиваат рани предупредувања за проблеми како што се болести или штетници.
Паметниот мониторинг исто така може да им помогне на земјоделците да го оптимизираат периодот за берба. Следењето на земјоделските култури за квалитетни карактеристики – да речеме, содржината на шеќер и бојата на овошјето – може да им помогне на земјоделците да ги зголемат приходите од своите посеви.
- Следење на добиток
Спречувањето на епидемии на болести и забележување на животни во неволја се од клучно значење во управувањето со големи фарми за добиток, каде повеќето животни се одгледуваат во тесна услови на режим што обезбедува нивно лесно движење низ високо автоматизиран систем на управување. Чиповите и сензорите за тело што ги мерат температурата, пулсот и крвниот притисок, меѓу другите индикатори, можат рано да детектираат болести, спречувајќи инфекција на стадото и подобрување на квалитетот на храната. Земјоделците веќе користат технологија за обележување на ушите од даватели на услуги како Smartbow (дел од Zoetis) за да ја следат топлината, здравјето и локацијата на кравите или технологија од компании како што е Allflex за да се спроведе сеопфатно електронско следење во случај на појава на болести.
Слично на тоа, сензорите за животна средина можат да предизвикаат автоматско прилагодување на вентилацијата или греењето во шталите, намалување на вознемиреноста и подобрување на условите за живот што сè повеќе ги загрижуваат потрошувачите. Подобро следење на здравјето на животните и условите за раст може да резултира во 70 до 90 милијарди долари вредност до 2030 година.
- Управување со објекти и опрема
Чипови и сензори за следење и мерење на нивото на силосите и магацините може да доведат до автоматско прераспоредување, намалувајќи ги трошоците за залихи за земјоделците, од кои многумина веќе користат вакви системи од компании како Blue Level Technologies. Слични алатки исто така може да го подобрат рокот на траење на влезните продукти и да ги намалат загубите по бербата преку следење и автоматско оптимизирање на условите за складирање. Следењето на условите и употребата на објектите и опремата исто така има потенцијал да ја намали потрошувачката на енергија.
Со ваквите решенија може да се постигне заштеда од 40 до 60 милијарди долари до 2030 година.
- Автономна земјоделска машинерија
Попрецизни контроли на GPS уреди поврзани со компјутерска визија и сензори може да го унапредат распоредувањето на паметни и автономни земјоделски машини. Земјоделците можат да управуваат со разновидна опрема на нивното поле истовремено и без човечка интервенција, ослободувајќи време и други ресурси. Автономните машини се исто така поефикасни и попрецизни во работењето на поле отколку оние управувани од луѓе, што може да генерира заштеда на гориво и поголеми приноси. Зголемувањето на автономијата на машините преку подобра поврзаност може да создаде дополнителна вредност од 50 до 60 милијарди долари до 2030 година.