ЗА ОБУКАТА
За првпат во државата организиравме БИМ работилница фокусирана на запознавање со основните принципи на БИМ методологијата и можностите за нејзина имплементација во оперативното работење на градежните компании.
Над 100 учесниците: градежни инженери, архитекти, машински инженери и други заинтересирани професионалци имаа можност да се запознаат со основните принципи на BIM, добија приказ на 3Д-моделирање во БИМ и видови на на 3Д-моделирањето во оваа индустрија, ги разгледаа различните стандарди во студиите на случај и ја увидоа важност на соработката во целиот процес помеѓу сите страни вклучени во градбата
Партнер:
Изјава на учесник на обуката:
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за учеството, а на УНДП за можноста да бидеме дел од проектот и да ја следиме презентацијата. Сметам дека презентацијата беше одличен вовед во БИМ-технологијата и можноста за нејзина имплементација во работењето на Бортас.
Денес научивме многу, а за голем дел од она што го нуди технологијата не бевме ни свесни дека постои како можност.
Стандардите и принципите на работа, прикажани денес, се дополнителен сегмент за чие воведување ќе е потребно многу време и работа, но сигурна сум дека со квалитетни обуки и желба за подобрување на процесите, ќе успееме да ги имплементираме и кај нас.
Ви благодарам уште еднаш на УНДП и на сите вклучени во реализација на проектот!
Бојана Бораниева, Бортас
Агенда
ОБУЧУВАЧ
Колин Хeсти
Toj e сопственик и директор на Bruach Design and Consultancy, консултантска компанија за практики во архитектурата и БИМ со седиште во Клидебанк, Шкотска. Тој е архитект со страст кон дигиталните иновации во градежништвото и архитектурата. Колин е еден од првите луѓе во Шкотска која ја поседува дипломата од БРЕ групата (BRE Group) како „Сертифициран практичар за БИМ“ и во моментов е консултант на БИМ за Градежениот центар за иновации во Шкотска. Тој е исто така член на RIBA и RIAS, предава за на колеџот Глазгов и е советник за професионални студии на Одделот за архитектура на Универзитетот во Стратклајд.