Современите промени во енергетскиот сектор од глобално ниво влијаат и на национално ниво односно во Република С. Македонија. Последните години се интензивираат напорите за преструктурирање на производството и користењето на зелената енергија т.е. енергија од обновливи те извори и во нашата земја.
Со владиниот Акциски план за обновливи извори на енергијата се предвидува нивниот удел во вкупната енергетска потрошувачка во Македонија до 2020 година да достигне 2%, до 2025- 25 %, а до 2030 година 28 %.
Од земјите во регионот, во Бугарија процентот на зелена енергија во вкупната потрошувачка изнесува 19 отсто, во Црна Гора 51 отсто, во Албанија 86 отсто, во Србија 29 отсто, а во Грција 24 отсто. Хрватите имаат удел од 47 отсто, а Словенците од 32 отсто. (Евростат 2018).
Обновливите извори на енергија денес сочинуваат 26% од светската електрична енергија, но според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), нејзиниот удел се очекува да достигне 30% до 2024 година. „Ова е клучно време за обновлива енергија“, изјави извршниот директор на ИЕА , Фатих Бирол (Fatih Birol).
Во иднина, се очекува дека бројот на обновливи извори на енергија ќе продолжи да се зголемува, бидејќи се случува зголемување на потребата на енергија воопшто. Оваа констатација оди кон тоа дека ќе се намали цената на обновливите извори што е одлично за планетата но и одлично за во однос на економските заштеди на граѓаните и компаниите.