и новациите, дигитализацијата и трансформацијата на работните процеси во текстилната индустрија се клучни за успехот на компаниите од овој сектор. Но, особено внимание треба да се посвети и на вештините што треба да ги поседуваат вработените и младите кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност, како и дополнителната едукација која мора да ги следи трендовите, особено дигитализацијата и новите технологии.
Дополнителната едукација на професионалците од овој сектор, како и на младите што се во потрага по нови вештини, може да ги однесе на многу успешни полиња, но и во насока на развивање на претприемачка идеја и развој на сопствен бизнис.
Модната дизајнерка и претприемачка, Амра Исмани која има многу успешна приказна за комбинирањето на одржливата мода и уметноста има сопствен стартап многу добро знае дека нејзината едукација никогаш не смее да сопре. Таа е во постојана потрага по ново знаење. Затоа, неодамна и ја посети обуката за 3Д дизајнирање и моделирање во текстилната индустрија, една од многуте активности во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“ на УНДП.
– Оваа обука беше одлична можност за мене за да стекнам нови знаења бидејќи во модната индустрија мора постојано да се учи. Вака се отвораат можности за нови идеи и секако само на овој начин може да се остане во тренд со новите технологии за развој на модната индустрија – вели Исмани.
Амра студирала моден дизајн, но вели дека почувствувала недостаток на пректично знаење, а со тоа и неможност да ги исполни своите соништа за успешна кариера, како и да ги канализира сите нејзини модни идеи за да станат реалност.
– Токму дополнителната едукација и следењето на новините во модната индустрија ми помогнаа да ги го остварам својот сон и да започнам сопствен бизнис- вели таа.
Предводена од идејата дека облеката е многу важна за телото, Амра започнала да создава модерна, мултифункционална облека која ја претставува под етикетата „ARMMA“. Стартапот го основала во 2016 година, а работи и со приватни клиенти за кои прави модни уникати по нарачка.
Охрабрување на младите, но и на веќе едуцираните кадри да не престанат со потрагата по нови знаења е една и од целите на првиот Центар за нови вештини „#SkillsNext“ кој минатата недела се отвори при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На модерно опремена површина од 350m2, Центарот за нови вештини е инспиративен и инклузивен простор за испорачување најнови знаења и информации за специфичните индустрии и технологии во нашата држава. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.
Модниот дизајнер и костимограф, Никола Булески, Буле кој ќе држи обуки во „SkillsNext“ центарот, вели дека предизвиците на текстилната индустрија поврзани со 3Д дизајнот и моделирањето се големи, но можностите се уште поголеми. Затоа, многу е важно што повеќе компании, но и професионалци да се вклучат во дигитализацијата, како и да поработат на трансформација на работните процеси.
– 3Д дизајнот може да има широка примена во текстилната индустрија во самиот процес на дизајнирање и развој на производи како и во олеснување на процесите на конструкција при производство на прототипови – вели тој.
Објаснува и зошто е потребен овој софтвер во индустријата кај нас.
– Со оглед на тоа што овој софтвер помага при намалување на трошоците при изготвување на прототиповите, и те како е потребен во нашите текстилни компании. Просечно треба да се изработат од 3 до 5 примероци од секој производ пред истиот да се пушти во производство. Со користењето на 3Д дизајн софтверот и употребата на аватарите, кои ни овозможуваат да добиеме информации за новиот производ што го дизајнираме, бројот на прототипови пред производство се намалува на 1 до 2. Со тоа се штеди на материјал, работни часови и работна сила. Со ова се намалува цената на чинење на развој на производ и се забрзуваат производствените процеси. Со намалувањето на потрошувачката на материјал за изработка, автоматски се намалува и создавањето на ѓубре, водејќи грижа за животната средина – посочува Булески.
Како еден од обучувачите во новиот Центар, вели дека тој треба да создаде кадар кој во блиска иднина ќе и стои на располагање на индустријата.
– Кога ќе создадеме квалитетен кадар преку обучувањето на неколку генерации убеден сум дека сопствениците на текстилните фабрики ќе добијат храброст и сигурност за инвестирање во ваков софтвер. Тоа ќе им помогне да ги направат поекономични и поефикасни своите фабрики – вели Булески.
Во следниот период, „SkillsNext” ќе работи на неколку функционално – стратешки цели во правец на создавање релевантен Ресурсен хаб за поддршка на зелената транзиција и технолошката трансформација во градежната, текстилната индустрија, како и во и земјоделството.
Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.
Во моментов отворен е повик: https://skills4future.mk/javen-povik-za-zainteresirani-uchesnici-koi-treba-da-posetuvaat-obuka-za-softver-za-basic-browzwear-vstitcher-3d-design/
Центарот за нови вештини „SkillsNext“ e отворен во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), ФИТР и УНДП.