Институција која огласува: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Рок за пријавување: 15.03.2021
Јавниот повик се објавува во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани компании од секторот за обновливи извори на енергија
Се повикуваат компании од секторот за обновливи извори на енергија кои се заинтересирани за воведна информативна обука за новите занимања во секторот кои се однесуваат на хибридните фотоволтаични и термални колектори да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество. На оваа обука можат да учествуваат и повеќе вработени лица од пријавената компанија (максимум до 3 учесници).
Обуката има за цел да ги информира учесниците кои вештини, знаења и способности им се потребни за новите занимања и кои се работните процеси на оперативно ниво.
Пријавувањето ќе се одвива по принципот прв-пријавен-прв-услужен до искористување на расположливите места за воведната обука која ќе се одвива онлајн. Предност ќе им се даде на компании чиј менаџмент ќе покаже интерес за новите занимања во овој сектор и кој ќе се обврзи дека обучените лица ќе се вклучат во следните обуки од секторот поврзани со новите занимања. Воедно се очекува од менаџментот на компаниите да се заинтересирани за вклучување во евентуални идни пилот програми за средно стручно образование на темата со можност за обезбедување на пракса во компанијата.
Компаниите својот интерес за учество можат да го пријават ТУКА.
Обуката ќе биде реализирана од експерти од Меѓународниот институт за трансфер на знаења од Република Словенија и Камел солар од Република Северна Македонија.
Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 072/261-345, како и на веб страницата www.mk.undp.org и на специјализираниот портал: www.skills4future.mk .