Се повикуваат провајдери на обуки и компании од секторот на градежништвото, кои организираат воведни обуки за BIM (Building Information Modeling), да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество.
Структурата на обуките треба да се прати заедно со понудата и силабусот на истата. Целта на обуките треба да биде информирање и запознавање на учесниците со основите на Информациско моделирање на градби (Building Information Modeling), како пристап кон дигитализација на градежниот сектор.
Понудувачите на услугата Организирање на обука за вовед во BIM (Building Information Modeling) треба да ги исполнува следните критериуми:
- Понудувачот треба да биде правен субјект регистриран во Централниот регистар на РСМ, со вклучена шифра на дејност која опфаќа образование на возрасни.
- Обуката треба да ја реализираат сертифицирани предавачи со искуство во спроведување на обуки во областа на која се однесува повикот, и/или искуство во примена софтверски алатки за БИМ.
- Понудувачот на услугата треба да понуди и разработена програма за обуката која е предмет на огласот, која овозможува прилагодување на струката на кандидатите, т.е. овозможува хоризонтална модуларност на истата за различни профили на занимање вклучени во целиот процес на градење (инженери, техничари, архитекти, електро и машински инженери, компании за градежни материјали, јавни институции). Програмата треба да понуди доволен број на часови предвидени за практична настава кои вклучуваат часови за работа со соодветни дигитални алатки односно софтвер.
- Понудувачот на услугата при аплицирањето треба да приложи и доказ за обезбедени наставни материјали кои ќе се користат за време на обуката која е предмет на огласот, кои може да бидат во печатена или електронска форма.
- По завршувањето на програмата за обука, понудувачот на услугата треба спроведе реална евалуација на успешноста на кандидатите и според претходно прецизно дефиниран критериум во разработената Програма за обука. На кандидатите кои успешно ја поминале обуката, понудувачот на услугата се обврзува да им издаде Сертификат за успешно реализирана обука, во кој прецизно ќе бидат наведени резултатите од учење и стекнатите компетенции на кандидатот.
Заинтересираните понудувачи може да пратат понуда и додатни материали на следната емаил адреса: procurement@seeu.edu.mk, во рок до 22.12.2021.