Преземи
Кратка опис на случајот
Центарот за Иновации во Градежништвото од Шкотска во соработка со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) работеше на поддршка на процесот на имплментација на BIM во рамките на повеќе домашни компании кои работат во областа на градежништвото.
На 18 Февруари 2021 се одржа еднодневна работилница за компанијата Бортас.
Бортас се градежна компанија основана и менаџирана од страна на архитекти и инженери, со силен фокус на иновации и користење на соодветни технологии во нивните деловни активности.
Проектите кои ги спроведуваат се со вредност од 50 илјади евра до 2 милиони евра, а се поврзани со проектирање и изведба на објекти и нискоградба, вклучувајќи изградба на нови и реконструкција на веќе постоечки објекти и инфраструктура. Бортас соработува со клиенти како што се големи банки или амбасади но исто така и клиенти од лесна и незагадувачка индустрија. До сега, најголемиот дел од нивното деловно работење се одвива во Северна Македонија.