Преземи
Кратка опис на случајот
Центарот за Иновации во Градежништвото од Шкотска во соработка со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) работеше на поддршка на процесот на имплментација на BIM во рамките на повеќе домашни компании кои работат во областа на градежништвото.
На 3 Март 2021 се одржа еднодневна работилница за компанијата КБК Инженеринг.
КБК Инженеринг се компанија која била дел од една поголема организација се до одделувањето во 2015, кога е оформена и самата компанија која денес е специјализирана за изградба и поставување на водоводни и канализациони мрежи како и системи за наводнување. Компанијата поседува внатрешна експертиза за проектирање, изградба и надзор над изведба. Во КБК Инженеринг работат градежни, машински и електро-инженери кои се поддржани од техничари и работници како што се водоинсталатери и општи работници.